Бијонсе ги отвори овогодинешните Оскари: На сцената ја придружуваше и 10-годишната Блу Ајви (ВИДЕО)
10-годишната Блу Ајви ѝ се придружи на својата мајка на сцената, додека ја изведуваше песната „Be Alive“...
Блу Ајви Картер се појави на сцената заедно со својата позната мајка, пејачката Бијонсе, додека таа ја изведуваше песната „Be Alive“ на самиот почеток на 94-тото доделување на Оскарите.
Местото на девојчето беше пред Бијонсе, со очила за сонце, но нема кој не ја препозна.
Инаку, кралицата на R&B музиката доби номинација за оваа престижна награда токму поради овој хит, кој се наоѓа како дел од најавната музика за „Кралот Ричард“ - за тениските легенди Венус и Серена Вилијамс и нивниот контроверзен тренер и татко, Ричард.
Настапот, иако беше „стримуван“ од тенискиот терен во Комптон, каде семејството Вилијамс своевремено тренираше, го држеше вниманието како на присутните, така и она оние кои го следеа доделувањето пред малите екрани.
На социјалната мрежа Твитер брзо почна да се шири хаштагот „Бијонсе доаѓа“ уште неколку часа пред настапот.
Инаку, со Бијонсе во категоријата за Оскар беа и: Били Ајлиш со Финеас за песната „No Time To Die“, Риба Мекентајр со „Somehow You Do“ и Себастијан Јатра со „Dos Oruguitas“, кои исто така ги претставија своите песни на сцената за време на доделувањето на наградите. Ван морисон исто така беше номиниран за „Down to Joy“, но не беше слободен да ѝ се придружи на екипата поради турнејата.
И покрај неверојатниот настап, Оскарот заврши во рацете на Били Ајлиш и нејзиниот брат за песната „No Time To Die“.
фото: Принтскрин / Јутјуб