Бијонсе ја започна светската турнеја: Со неа е и Блу Ајви, која сѐ повеќе изгледа како нејзина мини копија (ВИДЕО)
На турнејата низ Европа, ја следи и нејзината ќерка, за која пишуваат дека е „copy-paste“ на познатата мајка...
Бијонсе во последните неколку години зема малку подолга пауза и живееше далеку од светлата на рефлекторите. Но, кралицата на поп музиката се врати во полн сјај и изгледа подобро од било кога.
По шестгодишна пауза, таа го издаде албумот „Renaissance“ и тргна на светска турнеја, која ја започна со спектакуларен настап во Шведска, а до крајот на јуни треба да настапи во Брисел, Лондон, Барселона, Амстердам, Хамбург и Франкфурт.
Седејќи по реакциите на обожавателите по првиот концерт, освен музичко, тоа било и вистинско визуелно уживање.
На турнејата, на кралицата на поп музиката друштво ѝ прави и нејзиното семејство, споругот Џеј Зи и 11 - годишната ќерка Блу Ајви. Бидејќи Бијонсе ја чува приватноста на своите деца и не објавува фотографии од нив на социјалните мрежи, обожавателите беа прилично изненадени кога видеа колку пораснала Блу Ајви и колку се променила.
На Твитер кружи видео од Блу Ајви со познатиот татко, додека го следат настапот на Бијонсе.
„Менаџерката Ајви е тука за да се погрижи сѐ да помине без проблеми“ - стои во описот на видеото.
Blue Ivy and JAY-Z at the Friends Arena pic.twitter.com/LGVBle8XX0
— Beyoncé Press. Fan Account (@beyoncepress) May 10, 2023
Луѓето под објавата на Твитер почнаа да пишуваат дека како поминуваат годините, така сѐ повеќе си личи со познатата мајка.
„Copy - paste“ и „Мини Бијонсе“ се само некои од коментарите на обожавателите на познатата пејачка.
фото: Принтскрин / Инстаграм