Била слепа и во инвалидска количка-ова е вистината за најтажната песна на Дино Мерлин-„Да шутиш“ посветена на болната сопруга

Била слепа и во инвалидска количка-ова е вистината за најтажната песна на Дино Мерлин-„Да шутиш“ посветена на болната сопруга

Објавена во: Stars // Музика

Бројни регионални портали објавија дека легендарниот кантавтор Дина Мерлин повикал итна помош откако му се слошило.

Имено, на видеото кое се шири на социјалните мрежи се гледа дека брза помош дошла да го земе. Неговиот тим кој изјави дека не е ништо сериозно и дека тој се чувствува добро.

„Ви благодариме за грижата, Дино се чувствува добро. Малку му се слоши, но сега се е во ред“, рекле од тимот на Мерлин.

Мерлин не настапи за време на Рамазан. Тојј неодамна одржа два концерта во во Љубљана. 

Песната Да шутиш" Мерлин ја отпеа на албумот „Испочетка“ во 2008 година.

Инаку, босанскиот пејач и текстописец Елдин Хусеинбеговиќ ѝ ја посветил на својата болна сопруга Емка, која починала на 32-годишна возраст.

Емка се разболела од мултиплекс склероза, а Елдин секојдневно се грижел за неа. Прво почнале да ѝ откажуваат моторните функции, па завршила во инвалидска количка, а потоа ослепела.

Во една прилика, кога гостуваше на концертот на Дино Мерлин, тој рече: „Не можев да и дадам чевли на личноста која најмногу ја сакам, затоа што таа не може да оди. Ниту книга, бидејќи не гледа, па дојдов на идеја да ѝ подарам албум на жена ми Емка. Жена ми е слепа и е во инвалидска количка. Да можев да се вратам во минатото и да знаев дека ќе ослепеше и ќе биде во инвалидска количка, повторно би се оженил со неа“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: