Биле приморани поради кариерата или филмските улоги, но не прифатиле: Познати личности кои одбиле да ги симнат килограмите

Биле приморани поради кариерата или филмските улоги, но не прифатиле: Познати личности кои одбиле да ги симнат килограмите

Објавена во: Мода // Moj стил

Актерките најчесто се приморани поради филмските улоги...

Иако мислиме дека сите познати личности се совршени и дкеа тие никогаш не се соочувале со проблеми околу вишокот килограми, очигледно е дека сепак ги имале тие проблеми. Некои од нив дури биле приморани да изгубат килограми, но го одбиле тоа.

Сигурни сме дека е тешко да се биде дел од светот на познатите во кој се поставени недостижни очекувања, како и критериуми за совршениот изглед, линија, лице, па дури и број на килограми. Со истите проблеми се соочиле овие познати личност, кои поради некои ситуации морале да симнат неколку килограми или само јавноста наредила така. некои од нив се познати пејачи, актери или актерки, но тие одлучиле да кажат НЕ! Не ги симнале килограмите само заради тоа што морале, туку го прифатиле своето тело, без оглед на бројот на килограми.

# Џенифер Лоренс

Џенифер во филмскиот серијал „The Hunger Games“ одбила да симне килограми за улогата за Кетнис. Своето образложение го кажа во едно интервју, а истото е за пофалба.

„Никогаш нема да се изгладнувам за улога. Не сакам девојчињата да зборуваат: „Ох, сакам да изгледам како Кетнис, па ќе ја прескокнам вечерата“. Се обидувам да постигнам моето тело да изгледа фит и силно, а не слабо и недоволно ухрането“ - напомена Џенифер во интервјуто.

# Џиџи Хадид

Џиџи пред да се занимава со моделинг била сериозна спортистка, поточно, тренирала одбојка. Со самото тоа вежбала, па така имала мускули и некои делови од телото што можеби не се примерни за манекенството ѝ биле нагласени. Но, таа самата истакнала дека им е благодарна на стилистите и дизајнерите кои се одлучиле да ѝ дадат можност, без оглед на тоа што немала типично тело за манекенка. Нагласила дека ѝ давале облека која го покривала нејзиното тело, а на неа многу ѝ значето како млад модел, бидејќи и на тој начин блескала на ревиите.

# Маргот Роби

Иако Маргот има завидна фигура и изгледа предобро во секоја улога, од неа исто така барале да ослабне поради ликот на Џејн, кој го играла во филмот „The Legend of Tarzan“. Таа ја одбила нивната молба, а тоа го објаснува со тоа што станува збор за филм од 19-от век и дека жените не морале во тоа време да изгледаа толку стегнато. 

„Ако имаш малку повеќе килограми на себе, тоа навјеројатно е добра работа“ - кажала таа.

# Сем Смит

Светски познатиот пејач во текот на својата кариера се соочил со бројни критики поради неговиот изглед. Во една прилика спомена дека со недели се изгладнувал само за да направи фотосесија во маица на кратки ракави, без да се срами. Но, потоа го променил начинот на размислување и одлучил повеќе да не се менува, без оглед на коментарите и критиките кои му биле упатени. На крајот на краиштата и понатаму е неверојатно популарен и дека неговиот изглед не влијае на неговата кариера, така што донел добра одлука.

# Ешли Бенсон

Оваа актерка можеби ни е најпозната од серијата „Pretty Little Liars“, а таа спомена дека во текот на кариерата често слушала коментари од продуцентите за разни улоги дека дефинитивно требало да ослабне. Добивала дури и коментари од типот „Предебела си“, а во тој момент таа се запрашала дали тие саката костури или актерки. 

# Лили Рајнхарт

Познатата актерка, најмногу по серијата „Riverdale“ на Твитер доби прашање од обожавател за тоа дали оваа серија прикажува малку нереални очекување кога е во прашање телото, изгледот и дебелината. Таа на тоа одговорила дека не сите актери се совршено извајани, и дека таа е една од нив. Поради тоа на стартот се очекувала многу несигурно поради очекувањата на јавноста. Но, не се менувала и потоа само го променила своето мислење и снимила сцена во долна облека, со која сакала да им покаже на девојките дека ниту таа нема совршен облик на телото.

# Бијонсе

Бијонсе често наидува на критики за својот изглед уште од самиот почетокот на кариерата. Луѓето ја критикуваа бидејќи малку се поправила, а тоа на неа ѝ нанело чувство на несигурност, особено кога сфатила дека навистина поголемиот дел од облеката не ѝ одговара. Но, таа исто така не се променила, туку килограмите ѝ станале инспирација за една од тогаш најпопуларните песни кои ги напишала, а во прашање е „Bootylicious“.

„Тоа беше почетокто на моето користење на сѐ што ми овозможи животот и претворање на тоа во нешто што ќе ги поттикнува другите жени и мажи кои се бореле со истото“ - кажа таа тогаш.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: