Биле сиромашни девојчиња, денес светот лудува за нив: Неверојатната животна приказна на најпопуларните сестри

Биле сиромашни девојчиња, денес светот лудува за нив: Неверојатната животна приказна на најпопуларните сестри

Објавена во: Мода // Moj стил

Според биографијата на Крис Џенер, нејзиното семејство пред 20 години едвај спојувало крај со крај. Со олимпискиот првак Брус Џенер се венчала по само неколку месеци врска, набрзо добиле две ќерки - Кендал и Кајли, а скомно заработувале од неговата кариера, додека Крис му била менаџер.

Токму во тој период настана фотографијата која Кајли Џенер ја објави на Инстаграм. „Те сакам, сестро“ - напиша покрај објавата постарата сестра Кендал, потврдувајќи дека се во одлично односи.

Работите во текот на 20 години се пормениле - Кајли и Кендал владеат на модната и медиумската сцена, а нивната мајка Крис зима менаџерска провизија од 10 проценти од сите шест наследници.

За неверојатната заработка на Кајли во изминатите години се пишуваше многу. Магазинот Форбс дури ја прогласи за најмлада милијардерка на светот која до богатството стигна од нула, а најмногу пари заработи од продажбата на шминка.

Од друга страна, Кендал, стана најбараниот модел на светот и во последните години беше дел од ревиите на сите најважни дизајнери. Иако заработува помалку од помладата сестра, сепак може да се пофали со завидна сума на пари, заработувајќи околу 30 милиони долари од ревија, спонзорски договори и до неодамна од реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, кое всушност ги прослави.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: