Били Ајлиш брутално за абортусот среде државата која го забранува: Сакав да го казнам ова место, замолчете веќе
Били Ајлиш настапуваше во Тексас на фестивалот „Austin City Limits“.
Пејачката за време на настапот вниманието ко насочи кон нивниот закон и ја искористи оваа можност за да ги поддржи правата на жената за абортус.
Во Тексас со закон се забранува абортусот, откако ќе му се открие срцевата реакција на фетусот, што обично трае околу шест недели, пред повеќето жени да дознаат дека се бремени. Не постојат никакви исклучоци.
„Ми се гади од старите мажи. Замолчете, не зборувајте за нашите тела“ - кажа Били.
Таа размислувала за откажување на настапот поради неодамна донесениот закон, но сепак се појавила таму поради своите обожаватели.
„Поради овој закон не сакав да настапам, бидејќи сакав да го казнам ова место што дозволува да се случува ова. Но, потоа се сетив дека вие сте жртви и дека заслужувате сè на светот. Мораме да им кажеме да замолчат“ - беше остра пејачката и додаде: „Мое тело, мој избор“.
Зад неа имаше видеобим имаше натпис на кој пишуваше „Ги забрануваат нашите тела“, мото на националната кампања која се заложува за сигурен пристап на репродуктивната здравствена заштита.