Били Ајлиш често пее за љубовта, но што се случува со нејзиниот љубовен живот?
Били Ајлиш за кратко време стана една од најбараните и најпопуларните млади уметници, кои се повеќе од само пејачка пред микрофон.
Кога ќе ги слушнете нејзините текстови и музика која ја пишува, тешко е да се сфати дека таа има само 18 години. Оваа година стана прв уметник кој е роден во 2000 година, а на кој му успеа да биде број 1 со албумот на топ листите на Билборд.
Постојаната работа на музиката, турнеите од едниот на другиот крај на светот и другите деловни потфати како колекцијата облека, не ѝ оставаат многу простор на Били за приватниот живот. Иако во некои песни пее за љубовта, врските и состаноците, за тој сегмент од нејзиниот живот и понатаму малку се знае.
Дали Били има некој сега?
Изгледа дека Били моментално не е во врска, а дури и да е, ние тоа не би го знаеле. Во интерју за утринската програма на британската радио станица „Capital“, откри дека нема намера да ги споделува љубовните детали со јавноста.
„Не можам да замислам да правам такво нешто. Понекогаш размислувам за тоа... размислувам за луѓето кои врските ги изнеасоа во јавноста... а, потоа раскина, па се прашувам - што ако се смират“ - откри Били.
Таа додаде и дека не и се допаѓа тоа што сите мислат дека имаат право да ги коментираат нејзините врски, поради што одлучи дека за нив повеќе нема да зборува.
Со кој беше Били во минатото?
Накратко - немаме идеја. Били никогаш не ги откриваше имињата на партнерите, но зборуваше за љубовта. Во интервју за „3Voor12“ рече дека не е заљубена, но дека во минатото била.
Во јуни 2020 година, зборувајќи за британскиот „GQ“ откри дека не се чувствувала сакана од поранешните момчиња.
„Чувствувам дека физички никогаш не сум била посакувана од некој“ - раскажа таа.
„Поминаа месеци и ми делува дека не ме привлекува никој. Не знам што се случува, но ми се допаѓа тоа“ - додаде таа.