Били Ајлиш лута на својот идол: Џастин Бибер помага во ширењето на коронавирусот
Џастин Бибер направи малку поголема глупост овој викенд, со оглед на тоа дека одлучи да организира средба на која не се почитуваа правилата за држење дистанца. На објавените фотографии јасно се гледа дека тој позира со група обожаватели, а никој од нив не носи заштитна маска.
Сето ова се случуваше во Калифорнија каде што постојат прилично строги закони, но на оваа средба како на никој да не му беше грижа за тоа. Собирите на повеќе од 10 луѓе е строго забранет, па Џастин имаше среќа што не е казнет, пишува Daily Mail. Сепак, тој себе може да се смета за уште посреќен доколку не успеал да се зарази со коронавирусот на овој начин.
<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">brandonwinz via instagram stories <a href="https://t.co/V27wYA9m58">pic.twitter.com/V27wYA9m58</a></p>— Justin Bieber News (@yourbiebernews) <a href="https://twitter.com/yourbiebernews/status/1307471992111730691?ref_src=twsrc%5Etfw">September 20, 2020</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>
Од друга страна, Били Ајлиш е бесна поради ваквото однесува, бидејќи излегува дека таа е будала која се придржува до сите мерки. „Навистина е смешно тоа што своите пријатели ги немам прегрнато шест месеци, а вие се правите забави. Навистина смешно“ - напиша таа на своето стори на Инстаграм. Били слични апели споделуваше и порано, а во април напиша: „Гледам многу луѓе кои одат во клубови, на плажа или само се дружат, а тоа е навистина неодговорно. Ве молам бидете одговорни додека трае ова.“
Колку е одговорна Били покажува и нејзината одлука дека новиот албум нема да го објави пред да заврши пандемијата, бидејќи како што вели, сака на нејзината музика слободно да се игра по улиците. За жал, сите прогнози велат дека не очекува навистина тешка есен и зима, бидејќи вирусот ќе се засили, а оние кои ќе ги нападне и грипот, ќе бидат во многу тешка ситуација. Знаеме дека сето ова веќе е здодевно, но не ни преостанува ништо друго освен да се чуваме за подоцна да може да се вратиме на нормалниот живот.