Били Ајлиш си ја отвори душата: „Поранешните момчиња никогаш не ме посакуваа“
Иако живееме во светот каде познатите личности диктираат трендови во секоја смисла на зборовите, од тоа како треба да се облекуваме, како да ја средиме косата, па дури и како да изгледаме, неспорно е дека сетоа тоа е една голема фасада полна со фотошоп, на која дури и најголемите „убавици“ ги прикриваат своите несигурности. Били Ајлиш секогаш се труди да стави акцент на тоа дека не сака нејзиното тело да се сексуализира и дека само сака луѓето да ја гледаат низ нејзината музика.
Во интервју за магазинот GQ, Били се отвори за своите несигурности и објасни дека се облекува како што се облекува за да ги избегне предрасудите на општеството. Таа исто така кажа дека дека доаѓа и до тоа дека никогаш не се чувствувала физички „посакувана“ од страна на нејзините поранешни момчиња: „Еве вести за вас: никогаш не се чувствував посакувано. Поранешните момчиња никогаш не ме посакуваа. Ниту еден од нив. И голема работа е што чувствувам дека некој никогаш не ме посакувал физички. Затоа се облекувам онака како што се облекува, бидејќи не сакам луѓето да го осудуваат моето тело. Но, тоа не значи дека еден ден нема да се разбудам и да одлучам да облечам маичка на прерамки, како што правев.“
„Понекогаш се облекувам како момче. Понекогаш се облекува како посакувана девојка. А, понекогаш се чувствувам заробена во оваа личност која ја создадов, бидејќи понекогаш мислам дека луѓето не ме гледаат како жена“ - додаде таа, алудирајќи на прашината која крена кога се појавија фотографии од неа на кои носи маичка на прерамки, но и заборавиле дека таа има само 18 години и дека има право да греши и да има свои несигурности - таа се уште е во процесот на барање и има потполно право да експериментира и прави грешки - она што ја разликува од остатокот на светот е тоа што секој нејзин чекор го следат милиони луѓе и си даваат право да го осудуваат.