Били Ајлиш уште еднаш воодушеви: Испрати силна порака и се соблече на сцена

Били Ајлиш уште еднаш воодушеви: Испрати силна порака и се соблече на сцена

Објавена во: Stars // Музика

Им кажа на сите што се случува!

Били Ајлиш е позната по својот изглед кој го носи, а кој се состои од широка облека. Таква облека носи со причина, бидејќи не сака другите да зборуваат за нејзиното тело, што е сосема оправдано, со оглед на тоа дека токму познатите се на удар на критиките поради тоа како изгледаат.

„Никогаш не сте го виделе моето тело, но ме осудувате поради него“, започна Били на првиот концерт од својата турнеја. Во Мајами започна нејзината турнеја под назив „Where Do We Go“, а оваа можност ја искористи за да испрати порака на сите оние кои шегуваат за нејзиното тело, но и за телото на останатите жени. Били неодамна објасни дека носи широка облека за да спречи нејзиното тело да се сексуализира и да изгледа засрамувачки, бидејќи потсетуваме, Били има само 18 години и се занимава со пеење и не сака другите да зборуваат за тоа какво е нејзиното тело. Сега на концертот одлучи уште еднаш да даде јасна и гласна изјава поврзана со оваа тема. На концертот започна видео во кое таа ги соблекува слоевите облека, додека не остане по градник, а во него го кажа следното:

„Доколку она што го носам е удобно, не сум жена. Доколку ги соблечам слоевите, тогаш сум... На некои луѓе им пречи облеката што ја носам, други имаат пофални зборови. Некои луѓе ја користат за да ги засрамат останатите, некои ја користат за да ме засрамат. И додека ги чувствувам вашите погледи, вашето неодобрување или вашите олеснителни воздишки, доколку го слушам тоа, никогаш нема да можам да продолжам понатаму. Телото со кое сум родена не е она што вие го сакате? Иако никогаш не сте го виделе моето тело и понатаму зборувате за него и ме осудувате поради него. Зошто?“


Тешко е да се слушне целиот говор во видеата, бидејќи како се соблекува, така нејзините обожаватели врескаат. Целиот говор го завршува критизирајќи ги луѓето кои ги гледаат другите и носат заклучоци за нив со оглед на тоа која големина на облека ја носат.



Изведувачите би требало да се осудуваат и гледаат по музиката која ја создаваат, а не по тоа што имаат облечено. Били со овој почеток на концертот ги воодушеви своите обожаватели, но и сите останати.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: