Били Ајлиш за реткото пореметување од кое страда: Често сум мета за потсмев и тоа ме навредува
Поради Туретовиот синдром, кој го добила на 11 години, пејачката има несакани тикови...
На пејачката Били Ајлиш ѝ бил дијагностициран Туретов синдром кога имала 11 години. Станува збор за ретко пореметувањее на нервниот систем, кој е карактеризиран со непосакувани движења и звуци. Пејачката вели дека поради често е предмет за потсмев, што ја навредува.
Таа во новиот серијал на Нетфликс „My Next Guest Needs No Introduction“, кој го води Дејвид Летерман, детално зборува за она со што се соочува.
„Доколку ме снимате доволно долго, ќе забележите дека имам многу тикови. Ова е навистина чудна болест, порано не зборував со неа. Луѓето мислат дека вака се однесува, бидејќи се обидувам да бидам смешна. Тоа многу ме навредува“ - кажа Ајлиш и додаде дека знае за уште неколку познати личности кои се заболени од овој синдром, но не сака јавно да ги каже нивните имиња.
На водителот во текот на емисијата му се причинило дека уште повеќе ги предизвикува тиковите со прашањата, но таа му кажала дека сака да продолжи да зборува, и дека нема никакви проблеми.
„Интересно ми е да одговарам на ова прашање. Мојата здравствена состојба ме збунува. Просто не ми е јасно“ - кажа Били и заклучи:
„Тиковите ме исцрпуваат, но успеав да се „спријателам“ со нив.“
фото: Принтскрин / Инстаграм