Били Ајлиш знае да „заглави“ на социјалните мрежи: И таа се воодушевува на совршените фотографии
Били Ајлиш, 19-годишната пејачка, освен по ексцентричните креации позната е и по тоа што за многу проблематични теми зборува јавно.
Во последно време сепак го промени својот имиџ и се насочи кон поинаков, поотворен стил. Како што вели, исто како и многу други луѓе и таа е незадоволна од својот изглед особено кога ги гледа „сите тие совршени тела“ на социјалните мрежи.
„Многу работи таму изгледаат онака како што јас никогаш не сум изгледала. И веднаш помислувам: О Боже, па како е можно да изгледаат толку добро? Ги познавам сите предности на шоубизнисот како и сѐ она што луѓето всушност го користат за фотографиите за да изгледаат што подобро и добро знам што е лажно. Но, сепак и понатаму одам и ги гледам тие прекрасни фотографии. И се чувствувам многу лошо поради тоа“ - наведе таа.
„Мислам, јас сум самоуверена и многу сум задоволна со својот живот... Очигледно е дека не сум задоволна со изгледот на своето тело, но кој е?“ - се запраша Били.
Иако порано пејачката, чиј втор албум „Happier Than Ever“ излезе на 30 јули, изјавуваше дека не сака луѓето да ѝ судат поради нејзиниот изглед и дека поради тоа константно носи широка облека, во последно време почна да се облекува малку поженствено, а ја промени и фризурата.