Бизарни трикови за убавина кои ги користат позантите ѕвезди: Кај некои во прашање е и измет од птици

Бизарни трикови за убавина кои ги користат позантите ѕвезди: Кај некои во прашање е и измет од птици

Објавена во: Мода // Moj стил

И да, во прашање е вистинска крема со измет од птици...

Често размислуваме за убавината на познатите актерки, пејачки и инфлуенсерки, кои апсолутно секогаш изгледаат беспрекорно. Токму поради тоа не е ни чудно што користат некои луди трикови за убавина, кои очигледно им помагаат.

Сите некогаш би сакале да имаме сјајна и мазна кожа и коса каква што имаат познатите светски ѕвездите. Некои користат обични производи кои можеме да ги купиме и ние, додека други тоа го комбинираат со бизарни продукти кои сите ги имаме дома. Очигледно е дкеа им помага тоа, но некои примери кои ги користат се навистина бизарни и дека не сме сигурни дека би имале храброст да ги користиме.

# Викторија Бекам

Од она што го користи Викторија најверојатно дека на многумина ќе им се гади. Имено, таа за својата блескава кожа на лицето користи одредени јапонски производи кои во себе содржат измет од птици. Во прашање е измет, кој наводно ѝ дава блескавост на кожата.

# Суки Ватерхаус

Оваа позната манекенка својата коса повремено ја мие со Кока Кола. Кажа дека по тоа прашање, косата ѝ има повеќе волумен и изгледа разбушавена, а токму тоа и го сака. Не сака кога косата ѝ е опуштена и дека ѝ паѓа на лицето, па затоа користи Кока Кола.

# Деми Мур

Уште една бизарна ситуација има во случајот на Деми Мур, која еднаш изјави дека испробала третман за детоксикација на кожата со пијавици. Наводно во прашање не се обични пијавици од мочуришни води, туку посебно обучени медицински пијавици кои ги ослободуваат своите ензими во нашата крв кога ќе нè „каснат“.

# Бела Хадид

Бела има посебна техника кога сака шминката да ѝ изгледа природно и убаво. Тогаш шминката ја нанесува во лежечка положба, бидејќи како што вели, тогаш лицето ѝ е потполно опуштено и шминката полесно ѝ останува на кожата.

# Сандра Булок

Сандра води борба со подочњаци и со збрчканата кожа под очите. Токму поради тоа на тоа подрачје нанесува крема за задник, која делува против воспаленија, бидејќи ги намалува, како и отоците, поради што кожата на тоа подрачје ѝ „попушта“.

 # Бијонсе

Наместо третманот „broq lift“, кој денес е неверојатно популарен, бидејќи сите влакна на веѓите се кренати нагоре, Бијонсе користи нешто сосема друго, а тоа лепак за хартија. Со тоа ги крева влакната на своите веѓи, кои потоа не ѝ се поместуваат.

# Блејк Лајвли

Познатата актерка откри дека овој трик го дознала од нејзината мајка и дека од тогаш го користи. Во прашање е мајонез, кој пред миењето на косата го става на долниот дел, поточно на врвовите. Како што кажува, тогаш шампонот не го суши долниот дел на косата, а тоа е така поради маснотиите кои ги содржи мајонезот.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: