Бизарниот тренд на напади врз пејачи излегува од контрола: Овој пат на мета Тејлор Свифт (ВИДЕО)

Бизарниот тренд на напади врз пејачи излегува од контрола: Овој пат на мета Тејлор Свифт (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Тејлор Свифт доживеала непријатност за време на концертот. Имено, откако се симнала од бината за да замине во гардеробата, поминувала низ публиката кога во еден момент, од публиката кон неа е фрлено со разни предмети, за среќа без последици.

Иако беше опкружена со обезбедување, видеото кое се појави на TikTok покажува дека некои луѓе се немилосрдни и воопшто не се грижеа дали некој ќе повредат, ниту пак им беше страв дека ќе бидат приведени!

Таа е последната од низата пејачи и музичари кои последниов период се нападнати на концерти.

Потсетуваме дека пејачот Хари Стајлс беше погоден со предмет во лицето додека настапуваше во Виена на 8 јули. Откако беше удрен, можеше да се види дека Хари е многу повреден од ова. Имено, тој се наведна држејќи се за лицето, по што замина во бекстејџот.

Слично непријатно искуство имаа и Бебе Реџа и Дрејк, а што се однесува до локалните изведувачи, слична непријатност на своите настапи доживеаја и младиот рапер Клинац, Бресквица и Војаж.


Фото: taylorswift/instagram


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: