Благослов и клетва: Били Ајлиш откри како карантинот влијаел на создавањето на нова музика
Младата пејачка зборуваше за новите песни, но и за тоа како карантинот влијаел на нејзината работа...
Можеби Били Ајлиш нема да открие кога ќе го објави новиот албум, но тоа не значи дека не работи на него.
Младата пејачка зборуваше за новите песни, но и за тоа како карантинот влијаел на нејзината работа.
„Со месеци зборуваме за тоа дека оваа година зема многу од луѓето и морам да напоменам дека сум желна за турнеја и сѐ останато, но доколку се случеше сето тоа, никогаш немаше да го направам овој албум“ - откри таа.
„Ќе направевме некаков албум, но ќе имаше потполно поинаков звук“ - продолжи.
„Не пишуваме песни за карантинот, но мислите ни се поинакци. Тоа е ефект „пеперутка“. Така е, како што е. Истовремено, ова е првпат во животот да имам волку слободно време, особено откако влегов во индустријата пред 5 години“ - објасни таа.
„Ова е благослов и клетва, но сум среќна што успеавме да направи песни какви што направивме и едвај чекам да ги слушнете. Едвај чекам целиот свет да ги слушне. Возбудена сум поради иднината“ - рече Били.
Инаку, пејачката со песната „Everything I Wanted“ која ја објави оваа година, доби 3 номинации за Греми: за видео на годината, за песна на годината и за поп соло песна.