Близначките Клементс се прогласени за најубави на светот: Мајка им открива како започнале да се занимаваат со моделинг
Овие преслатки девојчиња имаат повеќе од милион следбеници, а на само 11 години се заштитни лица на многу кампањи...
Близначките Ава Мари и Леа Роус станаа познати уште пред да проодат, а тоа е благодарение на фактот дека набрзо по раѓањето во 2010 година беа прогласени за „најубави близначки на светот“.
Уште од самиот почеток за нив пишуваа дека изгледаат како од холивудски магазини, бидејќи косата им е неверојатно руса и свиленкаста, кожата мазна, а природната убавина неопислива.
Сево ова допринело за од најрано детство да запловат во водите на моделингот, а кариерата им ја водела нивната мајка Џеки Клементс, што и продолжува да го прави тоа. Таа откри дека од самото раѓање близначките се среќавале со истите коментари од познаниците и луѓето кое ги среќавале:
„Луѓето постојано ми велеа: Вау, толку се убави, навистина би требало да размислите за тоа да ги вклучите во моделингот“.
Таа се испробала во тоа кога девојчињата имале само 6 месеци, меѓутоа бидејќи имала и постар син, малку ѝ претставувало проблем да жонглира помеѓу мајчинството и ангажманите на своите близначки.
„Мојот прв обид беше краткотраен и се одлучив дека не е вистинскиот момент“ - кажа Џеки и додаде дека чекала девојчињата да наполнат 7 години за да можат сами да донесат одлука дали сакаат да се занимаваат со моделинг.
„Им кажав на ќерките, дека доколку се подготвени, можат покрај танцот и пливањето, да се занимаваат и со моделинг“ - раскажа оваа мајка, со коментар дека тогаш почнале да скокаат од среќа и дека едвај чекале да започнат. Џеки истакна и дека Ава и Леа сакаат да настапуваат и да бидат во центарот на вниманието.
Тогаш им отворила и Инстаграм профил, а девојчињата денес, на 11 години, имаат повеќе од 1.,8 милиони следбеници. Но, не се само они тие кои добиваат комплименти - и појавата на нивната мајка предизвикува воодушевување, а обожавателите редовно ѝ порачуваат дека и таа треба да се занимава со моделинг и дека е јасно од кој ја наследиле убавината.
Од друга страна, често се соочува и со критики дека е лош родител кој ги притиска своите деца, дека заработува покрај нив и дека Ава и Леа изгледаат тажно додека позираат.
„Дали сте ги запознале моите ќерки? Очигледно не, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојчиња се добри! Тие се среќни. Имаат неверојатно детство, многу пријатели со кои постојано си играат. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитет на живот“ - напиша оваа Американка.
Одговори и на прашањето зошто близначките на поголемиот број фотографии се професионално нашминкани. „Индустријата го бара тоа од нив“ - гласеше нејзиниот краток коментар.