Близнаците на Џулија Робертс и Даниел Модер наполнија 17 години: Родителите со емотивни објави им го честитаа роденденот

Близнаците на Џулија Робертс и Даниел Модер наполнија 17 години: Родителите со емотивни објави им го честитаа роденденот

Објавена во: Совети // Семејство

Џулија Робертс и Даниел Модер го прославија роденденот на нивните близнаци, Хејзел и Финеус, кои во неделата наполнија 17 години. Холивудската двојка оваа прослава ја одбележа и на социјалните мрежи.

54-годишната актерка на Инстаграм објави фотографија од нејзините деца од времето кога биле бебиња: „17-те најслатки години во мојот живот.“

Снимателот Даниел Модер (52) сподели понова фотографија од нивните две деца. Покрај фотографијата на која близнаците јадат дома, облечени во облека со логото на „Wonder Woman“, тој напиша: „Овие разбојници денес најполнија 17 години. Ви благодарам што ми помагате да бидат татко“.

На почетокот на оваа година, Хејзел го имаше своето прво појавување на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: