Блу Ајви е копија на мама Бијонсе: Нејзината реакција кога татко ѝ ја прегрнува стана хит (ВИДЕО)
Блу Ајви Картер е копија на мајка ѝ Бијонсе. Таа се појави по подолг период со татко ѝ за време на натпревар во НБА.
Прекрасните фотографии од Блу Ајви Картер и Џеј Зи за кратко време станаа вирални.
Таа докажа дека веќе го наследила беспрекорното чувство за стилот од Бијонсе, десетгодишното девојче носеше кожна јакна и црна маица со натпис „Brown leather girl“ на предниот дел. За да го комплетира својот изглед Блу Ајви носеше очила за сонце, обетки и патики Најк.
На овие фотки Блу толку личи на нејзината мајка што не може да се опише - препознатливите локни, слични црти на лицето, таа од неа наследила се' најдобро. Дефинитивно, крвта не е вода.
Џеј Зи и Блу Ајви седеа на теренот гледајќи како Бостон Селтикс се соочуваат со Голден Стејт Вориорс, создавајќи спомени кои се незаменливи.
- Џеј за време на мечот ја држеше неговата рака околу нејзиното рамо и ѝ објаснуваше што се случува на теренот. Тој ѝ даде голем бакнеж во образот, а таа изреагира како типична тинејџерка поради што ги собра симпатиите ширум светот и нејзината реакцја стана хит: