Бог знае, ја зборувам вистината: Гиговска стави крај на обвиненијата дека ја отпеала песната наместо Луна

Бог знае, ја зборувам вистината: Гиговска стави крај на обвиненијата дека ја отпеала песната наместо Луна

Објавена во: Stars // Музика

Минатото лето, една од најпопуларните македонски пејачки Антониа Гиговска ги отпеа придружните вокали за првата песна на Луна Џогани. Оттогаш постојано се зборува и пишува за тоа дека Антониа ја отпеала песната „Девети круг“ наместо Луна.

На овие коментари, Антониа реши да им стави крај, а тоа го направи преку објава на Инстаграм во која целосно ја образложи целата ситуација. Во објавата исто така, истакна дека таа не зазема страна, туку дека се труди да ја каже вистината, бидејќи истата се однесува и на неа.

Во продолжение е целосната објава на Антониа:

„Не гледам „Задруга“, не ме интересира што се случувало внатре, не заземам страна, но сакам за првпат да прокоментирам. Кога ги отпеам придружните вокали за оваа девојка на нејзината прва песна „Девети круг“, која ја правеше мојот колега, пријател Дарко Димитров, прво бев шокирана колку вие фановите на Кија ја мразите Луна, а колку вие фановите на Луна ја мразите Кија. Но, тоа што девојката сакаше да направи нешто со себе, со нејзината кариера, тоа е нејзина работа. Тоа што јас ги отпеав придружните вокали тоа е исто моја работа. Мене сево ова ми е љубов, работа. Ја во 98.5% одбирам со кој ќе работам, бидејќи не постои човек кој го мразам или со кој не сакам да работам. Не ги гледам луѓето по тоа што се и кога нешто направиле или дали тие го направиле, не ме интересира. Луна ја отпеа „Девети круг“, а тоа што јас го пеам, освен придружните вокали, се вика „DUPLEX“, за оние кои не знаат да објаснам.... Кога се пее „DUPLEX“ се пее за песната да изгледа пополна од тоа што е, се пее на рефренот и тоа е тоа. Песната „Девети круг“ е врвна песна, но тоа не значи дека Луна не знае да пее, зошто ако земеме предвид дека на тоа работеше Дарко тогаш тоа секако ќе звучи најдобро на светот, колку таа да знае да пее или не.

Голем поздрав до Луна Џогани и Анабела. Колку што ги запознав мислам дека се добри и пријатни луѓе. Мене ми немаат нанесено зло. Јас ги сакам луѓето, но не ги сакам луѓето кои не ги сакаат другите луѓе. Доколку некој зборува лошо за мене, Бог нека им суди. Нека сето ова престане, пуштете ги луѓето на мира.

Бог знае. Јас само ја зборувам вистината.“


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: