Богатите деца на Инстаграм: За објава на фотографија праќаат и до 2000 долари

Богатите деца на Инстаграм: За објава на фотографија праќаат и до 2000 долари

Објавена во: Совети // Семејство

Светски познатиот Инстаграм профил под назив „Rich Kids of Internet“ кога беше отворен, беше сосема скромен. Новинарката Џеси Хевитсон напиша за „The Times“ дека Џејмс Ајсон го започнал тој профил во далечната 2012 година, по што сподели една фотографија која брзо стана вирална.

Фотографијата која ја споделил на тој профил била фотографија на Захари Дела, син на милијардерот Мајкл Дела, кој ужива во шветската маса на својот приватен авион.


Џејмс беше студент по економија кој е вљубен во светот на богатите, напиша Хевитсон. Набрзо откако започна да споделува фотографии од децата на милијардерите, двајца жители на Њујорк (кои и понатаму се анонимни) кои го работат истото, го контактираа Џејмс. Соработката која резултирала била почеток на Инстаграм профилот „Rich Kids of Internet“, каде мора да платите до 2000 долари за да ве објават.


„Rich Kids of Internet“ моментално може да се пофали со повеќе од 374 илјади следбеници и голем број богати и млади наследници кои го живеав животот најлуксузно што може, од возење на Бугати, па се до луксузни тури со јахти.


Исто така, се покажуваат и луксузните часовници кои богатите наследници ги носат, а во прашање се часовници од вртоглави 50 илјади долари.


Овој профил стана многу популарен, па започнаа да се отвараат и засебни профили за богатите деца во другите држави, како што направија во Турција и Русија („Rich Kids of Turkey“ и „Rich Russian Kids“.

Покрај богатството кое овој профил му го донесе на Џејмс, новинарката Џеси Хевитсон го опишала како многу приземен човек, кој се одрекува од блескавите и скапи автомобили и секако одбива да објавува невкусни фотографии од луѓе кои се окружени со многу „кеш“, пишува Business Insider.

Може да ве интересира:
Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: