Бојата на очи ја одредува вашата судбина и карактер: Само доминантните и посебни личности се родени со оваа боја
Науката открива дека бојата на очите има врска со нашиот карактер...
Очите се одраз на нашето битие, емоција, тајни, низ нив се огледува нашата душа. Кога некој ќе погледнете во очи, веќе остварувате одреден контакт кој е подлабок од изговорените зборови.
Секоја боја на очи има свое симболично значење и може да открие нешто за вашиот карактер и срце.
# Зелени очи
Помеѓу сопствениците на зелени очи има многу наметливи жени. Точно, понекогаш оваа определба „преминува“ во тврдоглавост. Многу е тешко да се предвиди како ќе се однесуваат мистериозните „зеленооки“ во одредена ситуација, тие лесно може да испробаат нови улоги.
Многу се успешни и амбициозни. Тие се доминантни, искрени, силни и претпазливи луѓе. Овие жени имаат добро развиена интуиција. Внатрешната доверба во исправноста на нивните постапки е многу важна за нив, а мислењето на драгите луѓе им е на второ место.
# Темно кафени (црни) очи
Жените со оваа боја на очи се енергични и темпераментни. Флертувањето за нив е природно, како и дишењето. Сакаат да уживаат во внимаето на другите, цел живот им е главна улога во фантастична претстава. Тие постојано работат на својата интелигенција, убавина и енергија.
Имаат тенденција да бидат авантуристички настроени и понекогаш се непромислени. Друштвени се и лесно создаваат нови познантства и обдарени се со одлична смисла за хумор. Сакаат да се издвојуваат од толпата и мразат да бидат под притисок.
# Светло кафени очи
Жените со оваа боја на очи имаат многу малку заедничко со оние со темнокафени очи. Тие се многу срамежливи, повлечени и ранливи. Го сакаат самиот процес на сонување и постојано живеат во свет не мечтата. Економични се и прагматични.
Нивната склоност кон мрзеливоста е вистинска кочница кон напредок. Токму на овие жени може да им се доделат најтешките задачи - тие сигурно ќе го најдат најефикасниот начин да ги решат што е можно поскоро. На прв поглед, тие се нежни сушствества, но сакаат да ги прават работите на свој начин.
# Сини очи
Жените со сини очи се неверојатни сонувачи и романтичари. Сепак, не успеваат веднаш да запознаат љубов за целиот свој живот. Многу се ранливи, лесно е да ги повредиш или налутиш, а тешко простуваат.
Синооките се способни, дури и по неколку години, да ги репродуцираат вашите зборови и интонација со која сте ги изговориле - тешко забораваат. Склони се кон чести промени во расположението и силните чувства.
Карактеристична особина на синооките луѓе е брзата, скоро моментална адаптација на нови услови. Синооките жени се шармантни и сензуални, способни за силни чувства, ако се заљубат, тогаш без да се двоумат се посветуваат на љубовта.
# Сиви очи
Промислени, љубопитни, совесни и разумни - луѓето со сиви очи ја ценат практичноста и цврсто стојат на земја со двете нозе. Како по правило, тие не брзаат, но во исто време имаат време за сè. Тие се упорни и јавно ги покажуваат своите чувства. Тие се потпираат на ладната пресметка, а не на сопствената интуиција.
Сè што е поврзано со емотивната сфера им предизвикува многу повеќе тешкотии, бидејќи тие се донекаде резервирани по природа. Сивооките се среќни доколку покрај нив се појави некој кој може да стане надворешен извор на инспирација.
фото: freepik.com