Боли ли навистина глава од математика?

Боли ли навистина глава од математика?

Според голем број научници, поради стравот од математика може да се активираат делови на мозокот поврзани со искукството на физичка болка. Колку е поголема стравот на лицето од математиката, толку е поголема активност на делот на мозокот поврзан со откривање на опасноста која често завршува со чувство на болка. 

Истражувачите од Униерзитетот во Чикаго велат дека претходните истражувања покажале дека и некои други форми на психолошки стрес, како што се општествена изолираност или прекинување на врска, можат да предизвикаат физичка болка. Меѓутоа, тие го истражуваа болниот одговор на телото поврзано со исчекуњето на одредено случување, а не болката која се поврзува со самото стресно случување. 

Како што кажуваат научниците, математиката сама по себе не е болна, но самата помисла на математика е непријатна за одредени луѓе. - Математиката може да биде тешка и кај некои луѓе предизвикува напнатост и страв. Интересно е дека овие симптоми не постојат за време на решавањето на математичкиот проблем. Самото исчекување на тие проблеми е болно. Математиката сама по себе не е проблем, туку очекувањата. Резултатите од истражувањето покажаа дека самото очекување на некое лошо случување може да биде болно, велат научниците. Научниците веруваат дека нивните резултати можат да дадат увид во потенцијалните механизми во мозокот кои би можеле да објаснат зошто луѓето кои имаат страв од математика избегнуваат ситуации поврзани со тоа, што доведува до избирање на кариера која нема никаква поврзаност со оваа наука. Истражувањето е направено на 28 лица со изразен страв од математиката, кои во текот на истражувањето морале да решаваат математички проблеми.

Можеби ќе ве интересира: