„Боже, го мразам ова“: Чарлс чекаше 70 години да стане крал, а сега ги губи нервите поради едно пенкало (ВИДЕО)
Вирално видео
Судејќи според видеата кои деновиве ги преплавија социјалните мрежи, новиот крал Чарлс ни малку не ужива во новите должности. Последното видео покажа како му здосадува потпишувањето на документот, а слична ситуација се случи пред само неколку дена.
Последната од серијата снимки доаѓа од Северна Ирска, каде што тој отиде да се сретне со членовите на тамошното Собрание. Во таа прилика, тој беше доста разгневен од пенкалото со кое пишуваше во книгата за посетители.
Чарлс прво напиша погрешен датум, а потоа мастилото почна да истекува од пенкалото, што многу го налути, па луто ѝ го даде на сопругата Камила. Новата кралица беше далеку помирна.
Иако кралскиот помошник брзо дојде и го зема пенкалото, ништо не можеше да го сокрие „нервниот слом“ на Чарлс.
„Не можам да ја поднесам оваа проклета работа. Секој проклет пат се случува“, се слуша како вели Чарлс, бришејќи го мастилото од рацете со марамче.
Да потсетиме дека нешто слично се случи за време на крунисувањето кога Чарлс III, кога многумина го сметаа однесувањето на Чарлс за арогантно и беа изненадени што тој едноставно не ги отстрани од масата предметите што му пречеа.
Познат по бизарни барања
Поради овие испади, написот на Дејли Мирор повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, во кој Пол Бурел, поранешниот батлер на Чарлс и принцезата Дијана, презентираше некои детали од приватниот живот на кралот кои веројатно тој не би сакал да ги прочита во весник.
Кралот наводно има бизарни барања за своите слуги наутро. Слугата секое утро мора да му ги пегла пижамите, но и врвките од чевлите. Чарлс бара приклучокот во неговата када да биде во одредена положба, а водата за капење да биде на одредена температура.
Сепак, најбизарното барање е за четкање на забите. Чарлс наводно има слуга кој секое утро стиска паста на неговата четка.
Чарлс, сепак, не се однесува секогаш така. Бурел во таа прилика рече дека како принц често ги терал своите синови Вилијам и Хари сами да го собираат ѓубрето кога биле на патување во природа, дури и кога ѓубрето не било нивно.
извор:nova