Божиќ во семејството Кардашијан: Сè е бизнис, наместо традиција - се служат производи (ФОТО)

Божиќ во семејството Кардашијан: Сè е бизнис, наместо традиција - се служат производи (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Сестрите од семејството Кардашијан гледаат на Божиќ како уште една шанса да продадат дел од своите производи за убавина и нега на тело на обожавателите, пишуваат медиумите.

Се чини дека Ким, Кортни, Клои, Кендал и Кајли, или попознати како сестрите Кардашијан, се водат според изреката испеана во една песна: „Ништо не е свето, сè е бруто и нето, сè е забава...“

Имено, според Грегоријанскиот календар, денес е Божиќ, а Кардашијан, го прославија овој празник помпезно.

Божиќ е уште една можност за нив да се стегнат во минијатурни фустани, да ги покажат своите силиконски гради, „исполнетиот“ задник, усните до точка на пукање, но и надградените трепки и целосно нова должина и боја на косата.

И покрај тоа што изгледаат совршено на фотографии, зошто го прават тоа?
-Сè е бизнис! 

Нивниот Божиќ не е како Божиќ на обичниот свет - сè е промоција. Сите со нетрпение очекуваат Кардашијанс да објават серија фотографии како го слават Божиќ.
Што носат тие? Како се нашминкаа? Која е нивната фризура? И по тие фотографии, продажбата на козметички производи расте, бидејќи сите сакаат да бидат како Кардашијанс.

Па, да видиме какви фотки објавија тие за Божиќ:

извор:stil.kurir.rs
фото:instagram

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: