Брачен пар ослабе 190 килограми: По 7 години обид добија и бебе
„Нашата тежина не спречуваше да имаме деца толку многу години“
Овој брачен пар ослабе вкупно 190 килограми и по 7 години обиди успеаја да го добијат посакуваното бебе.
Дастин и Ракел Хол со години сакаа да станат родители, но секој обид бил неуспешен.
Кога лекарите им кажале дека слабеењето многу ќе помогне, парот решил да направи се што е во нивна моќ. Дастин успеал да изгуби 140 килограми, а неговата сопруга 50 килограми.
Ракел боледувала и од синдром на полицистични јајници, состојба која им отежнува на жените да забременат.
Како успеале да ослабат?
Во 2016 година, Дастин почнал со диета богата со протеини и ниски јаглехидрати.
Во првите две и пол години тој успеал да падне од 215 килограми на 98 килограми, а Ракел од 133 на 82 килограми.
Во април 2020 година, Ракел дознала дека е бремена.
- Нашата тежина не спречуваше да имаме деца толку години. Драго ми е што ослабев толку многу, не би можел да бидам активен татко ако сепак имам над двесте килограми - изјави Дастин за британскиот Daily Star.
Седум години се обидувале да добијат бебе
- Седум години се обидувавме да имаме бебе. Не можев да поверувам кога видов две линии на тестот за бременост – додала Ракел.
Брачната двојка го одржува својот изглед така што одат заедно на планинарење и редовно одат во теретана наместо во ресторан.
- Навистина бев многу неодговорен. Обично внесував околу 14.000 калории дневно. Постојано јадев брза храна и пиев по неколку литри газиран пијалок секој ден – признал Дастин.