Братот на Немања Гудељ во љубов со атрактивна мисица: Вака изгледа јатрвата на Анатасија Ражнатовиќ (ФОТО)
Како што пишуваат медиумите, неодамна запловиле во љубовна врска...
Фудбалерот Драгиша Гудељ, братот на фудбалерот и момче на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ, како што пренесуваат медиумите е во емотивна врска со атрактивната манекенка Лана Лазаревиќ.
Како што објавија српските медиуми, таа минатата година беше прогласена за Топ модел на Европа, а од неодамна ужива во љубов со Драгиша.
На својот Инстаграм профил пред некое време таа ја објавила и првата заедничка фотка, на која се гледа како таа и Гудељ се прегрнуваат, пишува „Телеграф“.
Оваа русокоса има 20 години и моментално студира на престижниот американски универзитет во Виена, на насока меѓународни односи.
Средното образование го започнала во Америка, а подоцна го завршила во Австрија. Инаку по потекло е од Нови Сад. Пишува дека 10 години тренирала џез балет и дека има освоено повеќе од 50 награди.
За потсетување, пред неколку месеци се пишуваше дека на убавата Лана не можел да одолее ниту Војаж. Исто така се шпекулираше дека тие двајца биле во кратка емотивна врска, но овие информации Војаж никогаш јавно не ги потврди, а не ги ни демантираше.
фото: Принтскрин / Инстаграм