Бред и се извини на Џенифер бидејќи ја „зезнал нивната љубов“?
Според пишувањата на некои медиуми, Бред и Џенифер и понатаму многу се сакаат.
Светот никогаш не престана да навива за нив како пар. Според пишувањата на порталот Cosmopolitan, Бред и се извинил на Џенифер поради однесувањето додека биле заедно.
„Бред помина низ тежок период каде не беше свој, но сега е чист. Тој многу работеше на себе и ѝ раскажа за сите грешки кои сметаше дека ги направил“ - рече еден извор за порталот.
Двајцата по разводите, Бред со Анџелина Џоли и Џенифер со Џастин Теру, започнаа да работат на себе па денес негуваат позрел однос, отколку оној што го имаа во браковите зад себе.