Бремената пејачка и раперот не се повеќе заедно: Асап Роки ја изневерил Ријана со нејзината дизајнерка на чевли
Странски новинар на Твитер објави дека бремената Ријана и таткото на нивното неродено дете, раперот Асап Роки, наводно раскинале по модната недела во Париз.
Раперот наводно ја изневерил пејачката со нејзината дизајнерка на чевли Амина Муади која е неговата поранешна девојка.
„Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади“, стои во твитот на новинарот кој додал дека Асап и Амина имале врска пред неколку години и дека соработувале на колекцијата чевли.
Овој негов твит направи вистински хаос, а странските медиуми објавија дека Ријана и раперот биле видени во ресторан во Лос Анџелес, каде пејачката плачела на масата и го напуштила објектот без Асап.
Многумина на мрежите истакнаа дека не веруваат дека Ријана и раперот раскинале, а парот се уште не се огласил.
Двојката ја официјализираше врската во 2021 година, но и пред тоа имаше многу озборувања за тоа дека се заедно.
Ријана пак уште од почетокот на бременоста е мета на постојани осуди поради облеката.
извор:24online