Бресквица повеќе не изгледа вака: Се одлучи за драстична промена, никогаш не можеше да се претпостави дека ќе го направи ова
Анџела Игњатовиќ, односно Бресквица е позната по долгата црвена коса, меѓутоа, сега одлучи да ја промени фризурата и да ги изненади следбениците со ново издание...
Деновите кога Бресквица беше само уште една обична талентирана девојка од соседството се далеку зад неа.
Сега веќе е сериозна ѕвезда иако има само 19 години, а сѐ што ќе направи, независно од тоа дали е во прашање шминка, облека, обувки или фризура, девојките и момчињата ја копираат во истиот момент.
Откако раскина со Војаж, нејзиниот сил на облекување е многу попровокативен, а ја промени и бојата на косата во огнено црвена. Многумина оваа нејзина транформација ја искоментираа како одмазда за поранешниот, а Анџела сега отиде еден чекор напред.
Имено, иако е препознатлива по долгата коса која често ја стилизира на различни начини, сега се одлучи за огромна промена и ја скрати, со што ги шокираше своите следбеници.
Обожавателите за нејзината одлука дознаа преку Инстаграм, а евидентно е дека ваквата фризура ѝ стои одлично на Бресквица.
Сепак, слободно можеме да кажеме дека доколку судиме по коментарите на Интернет, вакво нешто од неа не можел никој да очекува.
Комплиментите не недостасуваа, иако имаше и такви кои сметаат дека долга коса ѝ стои подобро и дека вака изгледа повозрано.