Брилијантно: Фотограф кој рекреира сцени од познати филмови е хит на Инстаграм

Брилијантно: Фотограф кој рекреира сцени од познати филмови е хит на Инстаграм

Томас Дјук е фотограф кој моментално студира филм на универзитетот Брунел во Лондон. Како голем обожавател на филмови, обиколувајќи ги лондонските локации забележал дека некои локации му изгледаат познато, поради тоа што ги гледал на големите екрани. Па така одлучил да ги рекреира познатите филмски сцени на точните локации на кои се снимени. Од оваа негова идеја настанале неколку интересни фотографии кои редовно ги споделува на својот Инстаграм профил, под назив „Stepping trought film“, а неговото фотографско спојување на вистинскиот и филмскиот свет го следат повеќе од 150.000 луѓе.

„Како мал најмногу време поминував гледајќи филмови, па затоа обожував да одам на кино. За мене тоа секогаш беше дел од носталгично потсетување на детството“  - откривајќи го својот интерес за оваа тема, па додаде: „Тогаш еден ден едноставно одлучив да спојам филм, фотографија и креативност преку истражување на некои многу интересни места“.

Првиот лик кој го фотографирал е Sherlock Holmes, бидејќи Robert Downey Jr. е еден од неговите идоли. „Одбирам филмови кои ме инспирираат, а често користам Јутјуб или ДВД за да ги пронајдам сцените кои сакам да ги фотографирам“ - ја откри за Insider својата метода на работа.

Во реализацијата на своите идеи не користи фотошоп и други апликации за уредување, туку навистина ги посетува локациите на кои е снимен филмот, а сцените ги доловува држејќи во рака фотографии на кои ги прикажува познатите сцени кои настанале на наведените локации. Исто така, често патува и надвор од границите на Обединетото Кралство, а на своите патувања исто така рекреира познати филмски сцени. На пример во Њујорк ја посети улицата во која е снимен божиќниот класик „Elf“, а во Париз пред Ајфеловата кула ги потсети обожавателите на сцената од последното продолжение на „Mission: Impossible - Fallout“.

Томас истакнува дека за продолжение на овие фотографии потребно е да вложи многу труд, а бидејќи е перфекционист секогаш настојува подобро да ги рекреира саканите сцени. „Поголемиот дел од времето е многу едноставно да го постигнам она што го сакам. Треба само да се вложи многу трпение и труд“ - открива. Негова желба е да продолжи да патува низ светот и да истражува нови локации од снимањата на некои од најголемите филмски хитови. „Верувам дека на луѓето им се допаѓа ова што го работа, бидејќи секој кој сака филмови сака да може да се поврзе со Хари Потер, Џејмс Бонд или Спајдермен. Филмот е насекаде од кај нас, па со самото тоа е совршена тема за сѐ“ - истакнува ова 22 - годишно момче.

Можеби ќе ве интересира: