Бритни Спирс ја пречека изненадување: Селена Гомез знае како да ги разубави деновите на своите колешки
Во сите претходни вести за Бритни Спирс пишувавме за проблемите кои веќе подолго време се случуваат во нејзиниот живот. Таа веќе 13 години е под лупа на своето семејство, особено својот татко, а оваа година изгледа реши да стави крај на сѐ, па на својот Инстаграм профил јавно го навреди целото семејство. Поддршка ѝ пружија многу ѕвезди, меѓу кои се и Ариана Гранде и Селена Гомез, а Селена дури и ѝ испрати мал подарок, вреден внимание.
Бритни на својот Инстаграм профил објави фотографија на која можеме да го видиме новиот бренд на Селена, „Rare Beauty“, како и костимот за капење, кој и самата пејачка го носеше за рекламата на брендот. Во описот напиша: „Кога се разбудив го најдов овој кул пакет во кој најдов бикини и моите три омилени производи од козметиката „Rare Beauty“. Селена, ти благодарам многу за изненадувањето“. Помладата пејачка исто така одговори дека ѝ е драго што ѝ се допаднал подарокот и ѝ посака да ужива во него.