Бритни Спирс на суд за првпат сведочеше против татко ѝ: Истрауматизирана сум, само го сакам својот живот назад

Бритни Спирс на суд за првпат сведочеше против татко ѝ: Истрауматизирана сум, само го сакам својот живот назад

Објавена во: Живот // Живот

Американската поп ѕвезда Бритни Спирс првпат сведочеше на суд против својот татко, Џејми Спирс, кој има потполно старателство над неа и контрола, веќе 13 години.

Пејачката на суд изјави дека татко ѝ потполно ја котролира и дека тој „го сака тоа“, нагласувајќи дека поради тоа има трауми и дека сака да ја  преземе контролата над својот живот.

„Истрауматизирана сум. Го сакам својот живот назад“ - кажа Бритни на суд, помеѓу останатото, а пренесува Би-Би-Си.

Холивудската ѕвезда досега не свечеше кога станува збор за старателството кое го има над неа нејзиниот татко, туку адвокат ја претставуваше пред судот. Сепак, адвокатот сега инсистираше таа личност да ја раскаже својата страна од приказната пред институциите.

Пред рочиштето пред судот се собрале обожавателите на пејачката од т.н. движење #FreeBritney, држејќи табли со натписи: „Ослободете ја Бритни веднаш“ и „Оди си животот на Бритни“.

Доверливите судски документи до кои дојде „The New York Times“ откриваат дека Бритни Спирс изразила сериозно противење на функцијата старател која над неа ја има нејзиниот татко и смета дека таа функција станала опсесивно и контроличко средство против неа.

Бритни откри дека нејзиниот татко се мешал во сите нејзини сегмети од животот, како од тоа со кој да се забавува, како и дека не ѝ дозволувал да ги префарба орманите во кујната, бидејќи таквиот вид на реновирање бил многу скап.

фото: billboard

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: