Бруклин Бекам и Никола изгледаат како Дејвид и Викторија некогаш: Со своите комбинации нè враќаат во минатото

Бруклин Бекам и Никола изгледаат како Дејвид и Викторија некогаш: Со своите комбинации нè враќаат во минатото

Објавена во: Мода // In and Out

Привлекуваат големо внимание во јавноста во последните неколку месеци

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа во април оваа година и оттогаш постојано се под будното око на јавноста  која ги следи каде и да се појават. Така тие беа фатени вчера во Калифорнија како се шетаат и разменуваат бакнежи, а покрај љубовта, забележани се и нивните необични стајлинзи.

Она што на многумина им се допаѓа кога се во прашање модните комбинации на овој пар е тоа што од старите трендови прават нови, а од друга страна следат сè што е моментално актуелно во модниот свет.


За прошетка со сопругот, Никола избра црна маичка и кафено здолниште до колена украсено со тантела. Црните чизми со длабоки потпетици одлично го заокружија аутфитот и оставија свој белег.

За накит Никола носеше ланче и незабележителни обетки, а црната чанта што ја носеше е доказ дека снаата на Бекамови ги следи модните трендови. Бруклин, за разлика од неа, не вложи премногу труд во стајлингот, а носеше црна маица, црни широки панталони и бели патики.

Она што многумина го забележаа е фактот дека тие двајца неодоливо потсетуваат Викторија и Дејвид кога беа на почетокот на бракот.


Извор: ona.telegraf.rs

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: