(ВИДЕО) Брзо и шокантно: Мајли објави нова песна посветена на разделбата со Лиам
Мајли Сајрус ја објави својата нова песна „Slide Away", чиј текст остава впечаток дека се работи за неодамнешното разделување со Лиам Хемсворт. Песната е објавена помалку од недела дена по веста за разделувањето, но и покрај времето на објавување, како и емотивните стихови во песната, Мајли се уште нема потврдено дека „Slide Away" е посветена токму на Лиам.
„Еднаш, одамна, тоа беше рај“, пее таа во еден момент. „Еднаш, одамна бев парализирана / Mислам дека ќе ми недостигаат светлата од пристаништето / Но, време е да го пуштам сето тоа.“
Можеби најочигледните стихови од песната се:„Продолжи, немаме повеќе 17 години / Јас не сум таа што бев порано / Ти рече дека сè се смени / И во право си, сега пораснавме“.
Новата песна исто така упатува на наводните забави на нејзиниот сопруг, за кои многу извори имаат потврдено дека тие биле голем дел од проблемот кој доведел до разделувањето.
Други извори додаваат дека:„Тие се на пауза, затоа што тоа навистина им требаше. Нивната ситуација беше многу лоша со многу несогласувања. Двајцата се согласија дека е подобро да поминат некое време одвоени, но тоа не значи дека нивната врска е целосно завршена.“