БТС какви што не сме ги виделе: Без танцување, само пеат во придружба на бенд
Момците овој пат не танцуваат, но настапот подеднакво воодушевува...
Навикнавме на голема продукција кога БТС е во прашање, но нивниот најнов настап е нешто сосема поинаков.
Момците одржаа концерт во рамки на серијата концерти под називот „Tiny Desk concert“, кои веќе некое време ги снима американското национално јавно радио, NPR.
Корејската поп сензација настапи во една продавница за грамофонски плочи, а момците беа облечени во ретро комбинации, исто како во видеото за Dynamite.
Покрај тоа што не танцуваа, момците беа полни со енергија, а настапот го започнаа со последниот сингл, кој воедно е и нивен прв на англиски. Ова воедно е и првпат момците да настапат во придружба на бенд - досега тоа го правеа со матрица.
Во продолжение погледнете го нивниот настап: