BTS во март ќе објават книга: „The Notes 1“ е насловот на нивното прво дело!
По разноразните теории на фановите кои претпоставуваа што се случува во популарниот бенд BTS и меѓу нивните членови, тие конечно ќе објават книга со наслов „The Notes 1“ и ќе ни ја откријат вистината.
Една од многубројните причини зошто фановите толку се заинтересираа за вистината за BTS е приказната која се повторува скоро низ сите нивни видео записи. Поради тоа фановите направија илјада приказни за то што всушност се случува.
„The Notes 1“ ќе биде објавена на 5 март и ќе биде достапна на корејски, јапонски и англиски јазик.
Исто така, BigHit ја објави и „онлајн“ верзијата на приказната „Save me“, која може нешто да им објасни на фановите и истата е бесплатно достапна.
Дали сте возбудени што конечно ќе ја дознаете вистинска приказна за вашиот омилен бенд?