Бура од емоции: Нова љубовна филмска приказна која веднаш ќе те освои

Бура од емоции: Нова љубовна филмска приказна која веднаш ќе те освои

Објавена во: Stars // Филм

Дали сте подготвени за нова доза на романтика?

Иако Денот на вљубените е зад нас, февруари на Нетфликс е во знакот на љубовта. Оваа недела излегува еден романтичен филм за кој се зборува уште откако се појави трејлерот. Дали имаш слушнато за „All The Bright Places“?

Приказна за љубовта, менталното здравје, пријателството и очајот. Подготви се на тоа дека можеби овој филм ќе ти го скрши срцето. Овој петок на Нетфликс излегува филмската адаптација на истоимената книга од авторката Џенивер Нивен, „All The Bright Places“. Станува збор за бестселер кој веќе ги освои тинејџерите ширум светот, па затоа сите се нетрпеливи што конечно излегува и филмот. Приказната ги следи Вајолет и Теодор, двајца тинејџери кои се уште се борат со проблемите од минатото, траумите и менталното здравје. Се вљубуваат еден во друг во услови кои не се романтични. Двајцата имаат проблеми - Вајолет само што ја преживеала смртта на постарата сестра, а Теодор секој момент се бори со мислите за самоубиство. Џастис Смит и Ел Фанинг се во главните улоги во филмот, а трејлерот кој излезе неодамна, изгледа одлично.

Случајно се запознаваат, стануваат партнери на проект на училиште, а како го поминуваат времето заедно, започнуваат да се заљубуваат еден во друг. Сето ова дополнително ќе се искомплицира поради менталните проблеми со кои се борат. Љубов, драма, тага, среќа... се е измешано во скоро двате часа, колку што трае овој филм.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: