Цеца ѝ пружи покрив над глава кога ѝ беше најтешко, денеска таа е пејачка која е на врвот од својата кариера
Многупати досега си покажаа една на друга дека се искрени пријателки
Денеска е остварена на сите полиња- мажена е, мајка на девојчето Мила, а музичката кариера ја започна во популарниот бенд, по чиј распад започна самостојна музичка кариера.
Сепак, пред да сними бројни хитови и да придобие голем публицитет и да стекне популарност, меѓу првите ја забележа фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Така неафирмирана, младата пејачка на почетокот на кариерата доби повик од Цеца, со членовите на својот бенд да пее на прославата „Св.Никола“ во вилата на Дедиње.
-Ми се јавува колегата и ми кажува дека Цеца не викнала да пееме на слава кај неа. Јас го прашувам: Добро, а која Цеца? , а тој: Светлана Ражнатовиќ. Се сеќавам како вчера да беше, матев некој шлаг. И не верував што слушам, па му реков: Да си дојдам на себе, и ќе ти се јавам малку подоцна. Мајка ми ме праша што ми е, а јас ѝ викам: Боже, ми се јави Цеца да пееме на нејзината слава. И таа ме праша која Цеца, а јас: Цеца, нема друга. Тоа беше шок за нас. Имаше слушнато за нас, не знам како, мора да ѝ се допаднала песната. Преку Билја Спасиќ дојде до нашиот број и не викна да работиме- се присети таа во едно интервју и додаде дека приликата која тогаш ѝ ја дала Ражнатовиќ била голема „тсдаска“.
Доколку не погодивте за кого станува збор- станува збор за Слаѓа Вујчич позната под уметничкото име Алегро. Денеска може да се пофали со многу професионални успеси и богата музичка кариера. Веќе четири години е во брак со Зоран Драгаш, со кого во 2018-та станаа родители на ќерката Мила.
Фото: Србија Данас