Цеца одби да отпее песна посветена на Аркан: Истата настана кога Жељко загина, а ова причината за ваквата одлука на пејачката

Цеца одби да отпее песна посветена на Аркан: Истата настана кога Жељко загина, а ова причината за ваквата одлука на пејачката

Објавена во: Живот // Живот

Цеца ја одби, а друга пејачка со задоволство ја испеа...

Познато е дека домашните рокери своевремено пишуваа мегахитови за познатите фолкери, а најмногу напиша хитови со сигурност брои Милиќ Вукашиновиќ.

Сега е откриено дека токму тој малку по убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан ја напишал песната „Сањам да си опет ту“ сакајќи да ја утпее Цеца, но тоа не се случило.

Како што изјави тогаш рокерот, Цеца не сакала да сними оваа песна поради интервенцијата од страна на Марина Туцаковиќ.

Милиќ на својот Фејсбук профил ја сподели песната, а во описот напиша: „Песната настана кога загина Аркан и Бог ја направи за Цеца, но таа не сака да ја пее!“

„На Марина Туцаковиќ не ѝ одговараше да работам со Цеца. Меѓутоа, Цеца е врзана со Марина и така понатаму и тогаш тука имаше борба, бидејќи на Марина не ѝ одговараше да соработувам со Цеца, бидејќи јас работев и текстови и музика, а таа само пишуваше текстови на готова музика. Ѝ реков: „Еве ти ги сите мои песни, ако можеш да склопиш и направиш подобар текст од мојот, тогаш слободно продолжи“. Марина и уште неколку нејзини соработници влијаеја на тоа да мојата соработка со Цеца во деловна смисла не продолжи“ -  рече Милиќ во едно интервју.

Песната „Сањам да си опет ту“, на крајот на сними Јована Типшин, која сега е една од нејзините најголеми хитови:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: