Цеца откри кои солзи ѝ биле најтешки: Пејачката проговори за болните моменти

Цеца откри кои солзи ѝ биле најтешки: Пејачката проговори за болните моменти

Објавена во: Живот // Живот

Светлана Цеца Ражнатовиќ јавно проговори за болните и тешки моменти кои ги преживеала...

Популарната пејачка си ја отвори душата и откри кои работи ја болат и денес и дали успеала да ги преболи тешките моменти кои ги преживеала.

„Кога се пее пред голема маса, огромна е одговорноста сѐ да биде под контрола, сѐ да биде супер, да дојдат луѓе поради она за што дошле, а на сето тоа добро да си поминат и да се развеселат, но огромна е одговорноста да не му се случи нешто на некој. Сите тие огромни простори, особено сум горда на Маракана, Ушче 1, Ушче 2... На таа количина луѓе, над 100.000 луѓе и да немате ниту еден инцидент, можам да бидам само горда“ - кажа Цеца во емисијата „Премијера“ и откри кои песни сака да ги пее пред публиката:

„Додадов некои нови балади, условно кажано нови, сите се стари балади од старите албуми, бидејќи публиката ги сака. Не успеав да ја отпеам „Нечу дуго“, бидејќи некако ми се насобраа балади... Но, за да ги отпеам сите, би требало да започнам во седум наутро од Топ Хил, значи реди, реди песни и потоа секој од публиката има некоја желба, јас слушам, и тогаш таа песна ја пеам следна. Јас не знам каде да ги соберам сите тие песни во два, два и пол часа... Затоа го имаме Ушче, каде пеам четири часа и се надевам дека ќе бидат задоволни“ - зборува пејачката.

„Најтешки солзи ми беа оние кои паѓаа нагоре. Марина напиша една прекрасна метафора, таа е потполно неповторлива и сѐ што напишала за мене навистина се антологиски текстови. Што се однесува до тие солзи кои паѓаат нагоре, тоа се оние солзи кои сме ги пролеале за оние кои повеќе не се со нас, кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Тоа е значењето за мене, тагата за тие луѓе“ -откри Ражнатовиќ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: