Цеца со малиот Жељко отпатува кај Анастасија и Немања во Шпанија: Како си поминуваат Ражнатовиќ во топлите краишта? (ФОТО)
Младата пејачка веднаш ги однесе да го разгледуваат градот...
Анастасија Ражнатовиќ нешто повеќе од една година е во среќна врска со српскиот репрезентативец Немања Гудељ, а поради љубовта кон фудбалерот, Ражнатовиќ живее на релација Белград - Севиља.
Голем дел од времето го поминува кај момчето во Севиља, а сега во топлата Шпанија ја посетија нејзината мајка, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот внук Жељко Ражнатовиќ.
Цеца ги спакува куферите и заедно со внукот отпатува кај Немања и Анастасија во Севиља, каде ужива во топлите краишта.
Анастасија веднаш се огласи на својот Инстаграм профил и покажа како ужива со мајка ѝ и внук ѝ во сончевиот ден за време на прошетката во градот. Волшебните глетки на Севиља ги воодушевија нејзините следбеници, а мора да се признае дека Жељко ужива во прегратките на својата баба.
Цеца во еден момент му порача на момчето да им мавне на случајните минувачи, по што тој веднаш ја послуша и ги воодушеви сите. Како си поминуваат во Шпанија, може да погледнете на видеата во продолжение:
Иако тие си поминуваат одлично, многумина се прашуваат како оваа посета ќе ја поднесе женскиот дел од семејството Гудељ, Оливера, мајката на Немања и неговата сестра Вања, за кои се зборува дека не се воодушевени од снаат. Шпекулациите за нетрпеливоста помеѓу нив беа загреани откако се отследија од Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм