Цел свет плаче за познатата актерка: Пронајдена е мртва во својот стан, имаше само 26 години
Актерката која се прослави во серијата на Нетфликс е пронајдена мртва...
Јужнокорејската актерка и манекенка Јунг Чае-јул е пронајдена мртва во својот дом на возраст од 26 години. Веста за нејзината смрт ја објави нејзината агенција, но како што пренесува „Daily Mail“, причината за смртта уште не е откриена.
„Актерката Јунг Чае-јул нѐ напушти на 11 април. По желба на нејзиното семејство, на кое ова му падна најтешко, погребот ќе биде одржан тивко и во приватност. Воздржете се од ширење на шпекулации на оваа тема“ - се наведува во соопштението од нејзината агенција.
Јунг се прослави со улогата во серијата на Нетфликс „Zombie Detective“, како и во „I Have Not Done My Best“ и во филмот „Deep“ од 2018 година. Беше најавено и дека ќе глуми во исчекувата корејска драмска серија „Wedding Impossible“.
Својата последна објава на Инстаграм ја има споделено пред 4 дена, а станува збор за црно-бела фотографија на која седи на под и ја слуша музиката на птиците. Под фотографијата обожавателите пишуваа коментари преку кои се простуваат од неа.
фото: Принтскрин / Инстаграм