Целиот регион го освои со својот глас во „Ѕвездичките на Пинк“: Како изгледа денес малиот Љуба Станковиќ? (ФОТО)
Денес има „шик“ фризура...
Љуба Станковиќ јавноста на Балканот го запозна во 2017 година, кога се појави во детското музичко натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Тогаш беше најмладиот учесник кој со својот глас ги освои симпатиите и во четвртата сезона од споменатото натпреварување ја однесе победата.
Љуба никогаш не престана да се занимава со музика, се појави во спотот на Северина, а сега, шест години подоцна ја сними и својата нова песна и мора да признаеме дека изгледа потполно различно.
Имено, Љуба ја промовираше својата нова песна во емисијата „Амиџи шоу“, а публиката можеше да види колку тој се променил низ годините. Беше облечен во тегет костум со пеперутка вратоврска, а многумина ја забележаа и неговата „шик“ фризура.
За потсетување, тој на шест години се пријави на натпреварувањето, а сите истканаа дека пее како ангел. Уште не ги изговараше убаво сите зборови, но секој тон го пееше правилно. Поради неговиот глас членовите на жирито често плачеа, а на неговите интерпретации не останаа имуни Гоца Тржан и Јелена Томашевиќ.