Часовник на неделата: PASTEL ZEBRA на Swatch за љубителите на пастелни бои
Љубител сте на пастелните бои и обожувате ли нежни тонови? Тогаш овој часовник е идеалниот за вас.
Светло розевите, виолетовите и сините нијанси танцуваат околу ременчето на часовникот PASTEL ZEBRA. Сјајното куќиште допринесува за уште помагичен впечаток.
Овој часовник на Swatch може да го најдете во продавниците на „Божиновски“ или на нивната веб - страница. Сѐ што треба да направите за да биде ваш е да издвоите 4.100 денари од вашиот буџет.