Чекор по чекор: Како се праќал е-маил пред 30 години?

Чекор по чекор: Како се праќал е-маил пред 30 години?

Британска ТВ куќа сподели урнебесно видео од своја емисија од 1984 година, каде што во 6 минути се објаснува постапката за испраќање на е-маил пораки, која воопшто не наликува на оваа денешната.

Иако денес е сосема нормална работа со неколку кликови да ги испратиме сите потребни податоци преку е-маил, некогаш тоа навистина не било едноставно, ниту пак било лесна задача. Бијдеќи, ретки биле луѓето кои поседувале компјутер, а за интернет каков што знаеме денес да не ни зборуваме. Но, технолошките експерти кои имале среќа да поседуваат модем со интернет врска во Велика Британија, ја тестирале брзината и погодноста на „електронското пишуваше порака преку телефонска линија“.


Имено, британската мрежа Thames Television објавила урнебесно видео од својата емисија за компјутери „База на податоци“ од 1984 година во која во шест минути, чекор по чекор, ја објаснуваат постапката за праќање на електронска пошта.

Видеото ги прикажува експерт кои спојува огромен моден за да го поврзат својот компјутер со Prestel мрежа. Но, прво тој мора да воспостави телефонска врска користејќи „ротационен“ телефон. По воспоставената врска, корисникот се јавува на услугата Micronet 800.

Micronet порано бил давател на информации достапен преку Prestel мрежата во Велика Британија за време на 70 - тите и 80 - тите минатиот век. URL тогаш немало, а секоја страница на услугата била нумерирана.

По тоа, друг експерт демонстрира како да се испрати електронска пошта и на кој начин истата може да се напише.

Можеби ќе ве интересира: