Четири години му испраќала СМС пораки на покојниот татко: Еден ден добила одговор
Приказна која ќе го расплаче и најтврдото срце...
Замислете да испратите порака на саката личност, која починала и да добиете одговор. Токму тоа ѝ се случило на оваа девојка.
Откако починал човекот кој се грижел за неа, девојката продолжила да испраќа СМС пораки на неговиот број. А потоа добила одговор од човек кој ја изгубил својата ќерка во сообраќајна несреќа.
„Еј, тато, јас сум! Утре повторно ќе биде тежок ден“ - напила Чејстити Петерсон во СМС пораката која ја испратила на бројот кој го користел нејзиниот татко, ноќта пред 4 - тата годишнина од смртта. Веќе 4 години секојдневно му испраќала пораки со вестите од својот живот, настојувајќи на тој начин да задржи некоја врска со него. И овој пат во пораката напиша колку ѝ било тешко во текот на тие четири години, колку што го нема. Во текот на тие години таа ја добила битката со ракот и успеала да заврши факултет, не очекувајќи ништо. А, потоа пристигнал одговор!
„Здраво душо! Јас не сум твојот татко, но ги добивав сите твои пораки во текот на овие четири години. Се радувам на твоите утрински и вечерни јавувања. Се викам Бред и ја изгубив ќерката во сообраќајна несреќа во август 2014 година и твоите пораки ме оддржаа во живот. Кога ми исраќаш порака, знам дека тоа е порака од Бог“ - напишал Бред во својата порака.
„Жал ми е што имаш изгубено некој толку близок, но ги читав твоите пораки и видов како растеш и како поминуваш низ проблемите кои многумина ги немаат. Многу пати сакав да ти одговорам, но не сакав да ти го скршам срцето“ - додаде Бред и ја пофали Чејстити поради тоа што напредува. Ја нарече свој ангел, по што ја изгубил својата ќерка во сообраќајна несреќа.
„Ти си прекрасна жена и би сакал мојата ќерка да можеше да стане како ти. Ти благодарам на секојдневните пораки, ме потсети на тоа дека има Бог и дека не е негова грешка што моето мало девојче повеќе го нема. Ми те даде тебе, мој мал ангелу. Знаев дека ќе дојде овој ден. Сѐ ќе биде во ред, само уживај во секој ден и осветлувај не со светлината која ти ја има дадено Бог. Жал ми е што мораш да поминеш низ ова, но доколку ти значи нешто, многу сум горд на тебе“ - заврши Бред.
Трогнатата Чејстити го сподели одговорот на Фејсбук, кој за кратко време го споделија повеќе од 265.000 луѓе.
Таа напиша: „Секој ден во последните четири години му пишував пораки на татко ми, за да му кажам како сум. Денес добив знак дека сè е во ред и дека можам да го оставам да почива во мир“.
Откако доби безброј пораки од луѓе што ги трогна оваа приказна, таа во друг пост објасни дека Џејсон Лигонс, на кого му пишувала пораки, не бил нејзиниот биолошки татко, туку човекот кој се грижел за неа уште како дете.
„Никогаш не пропушти ниту еден мој танц на училиште, унапредување и - ох, да! - ми држеше предавање заради моето однесување. Ако добиев дозвола да излезам, дефинитивно морав да го запознаам со момчето што ме придружуваше и истото да добиваше долго предавање“, вели Чејстити.
Таа додава дека плачела со него, споделила сè со него и станала многу независна и самосвесна, бидејќи тој се обидел да и покаже како изгледа среќата.
„Џејсон не беше мојот татко, но тој беше татко за многу деца во нашиот град“ - напиша таа, додавајќи: „Ја споделив оваа порака заради моите пријатели и семејство, сакам да видат дека Бог постои. Можеби поминаа четири години за да го увидам тоа, но се појави во вистинско време“, пренесува Дејли Меил.