Чизми и чевли за секоја пригода оваа зима: 6 парчиња кои ќе бидат тренд

Чизми и чевли за секоја пригода оваа зима: 6 парчиња кои ќе бидат тренд

Објавена во: Мода // Must have

Што ќе се носи во светот на обувките оваа зима? Секако, чизмите се главното парче кое го носиме во постудените месеци, но има и некои тренди парчиња кои ќе бидат идеални за потоплите зимски денови.

Во зима сакаме нашите чевли да изгледаат убаво, но и да бидат функционални. Пред се мора да не стоплат, а второ добро би било да ни помогнат да одиме по снегот, а не да се лизгаме. Замрзнатите стапала никако не се забавен зимски додаток, па затоа во овој момент најмногу се префрламе на чизми и чизми до глужд. Сепак, иако пристигна постуденото време, сепак остануваат оние потопли и сончеви денови кога патиките или чевлите ќе бидат доволни. Ако барате нови чизми оваа зима, веројатно е дека ќе видите парчиња кои моментално се големи трендови во продавниците. За сите кои сакаат да бидат во тек со трендовите, ова се чизмите и чевлите што треба да ги носите оваа зима.

Моторџиски чизми
Моторџиските чизми се веројатно најголемиот тренд оваа зима. Ако само го погледнете Инстаграм, ќе видите барем неколку модни инфлуенсери во вакви чизми.


Сребрени чевли
Од сребрени чизми до чевли за вечерно излегување. Изгледаат малку футуристички и нема да одат добро со секоја облека, затоа не ги купувајте овие чизми како главни зимски чизми.


Високи чизми – до колена
Изгледа како чизмите до глужд да заземаат втор план оваа година. Високите чизми веќе почнаа да се носат. Кожените чизми до колена се парче обувка што оди со се.


Како и чизмите над колена
Освен чизми до колена, се носат и малку повисоки. Се вратија чизмите до колена.


Мокасини
Во деновите кога е премногу топло за чизми, се носат кожни мокасини. Ова е онаа обувка која се носи веќе подолго време и на модниот свет сè уште не му е доста од нив.


Ugg
Оваа листа не може да оди без Ugg. Иако можеби тие не се чевлите препорачани за кашест снег, сепак ќе можете да ги носите добар дел од времето.


Фото: Инстаграм
Извор: teen385.dnevnik.hr

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: