Чкртаниците на раката на момчето кријат болка: Она низ кое минува на училиште, не смее никому да му се случи

Чкртаниците на раката на момчето кријат болка: Она низ кое минува на училиште, не смее никому да му се случи

Објавена во: Совети // Другарство

На раката имаше цртички, а татко му сега предупредува

На Твитер, еден корисник сподели фотографија од раката на својот син. На прв поглед изгледа дека момчето си играло и со пенкало чкртало на раката. Вистината е многу поболна.

Момчето нацртало 21 линија со хемиско пенкало, што претставува број на ситуации во кои бил жртва на насилство од врсници и во кои бил малтретиран.

Мојот син е во средно училиште нешто повеќе од една недела. На својата рака овде има направено евиденција колку пати во последните два дена бил малтретиран, вербално или физички. Вкупно 21. Потресно е училиштата треба посилно да се справат со насилниците, нивните родители да бидат казнети! 

- Син ми е на училиште нешто повеќе од една недела. На раката направил записник колку пати бил малтретиран, вербално или физички, во изминатите два дена. Вкупно 21 пати. Тоа е срцепарателно. Училиштата да бидат построги кон насилниците, а нивните родители да бидат казнети - напишал загрижениот татко и на овој начин ги предупредил сите родители за она за што можеби не се ни свесни.

- Сакав да покажам колку често тоа се случува во два училишни дена. Едноставно не знаете што се случува бидејќи ние како родители не сме таму – додаде тој.

Многу родители во неговата објава признаа дека и нивните деца биле жртви на насилство од врсници. Овој тип на насилство може да предизвика голем број проблеми на жртвата, како што се проблеми со спиењето, концентрацијата, создавање лоша слика за себе, мисли за самоповредување, осаменост, страв, несигурност, тага, па дури и мисли за самоубиство.

Разговарајте со вашите деца секој ден, бидејќи колку и да мислите дека такво нешто е далеку од нив, тоа се случува многу често. Научете ги да се оддалечат од насилниците, да не се одмаздуваат, да најдат возрасен човек на кој му веруваат и да бараат помош, но и секогаш да го пријавуваат насилникот, пренесува Yumama.rs


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: