Членови на кралските семејства кои ги бранеле боите на своите земји на спортски натпреварувања: Некои освоиле и медали
Поголемиот број од припадниците на сината крв се рекреативци, но неколку од нив многу сериозно го сфаќаат спортот...
Многу членови на кралското семејство го сакаат спортот: принцот Чарлс играл поло, принцот Хари бил член на рагби клуб, а војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, сака да игра хокеј. Но, некои припадници на сината крв не се само рекреативци, туку сериозно го сфаќаат занимавањето со спортот, па учествувале на национални и меѓународни натпреварувања. Некои од нив стигнале и до Олимписките игри.
фото: Printscreen/YouTubeПрва која се натпреварувала на Олимпијада била принцезата Ана. Таа настапувала на тридневното натпреварување со коњи во Монтреал во 1976 година. Ана сега е претседателка на Британската олимписка асоцијација и член на Меѓународниот олимписки комитет.
фото: Printscreen/YouTubeНејзиниот поранешен сопруг, капетанот Марк Филипс, освоил злато во 1972 година, натпреварувајќи се со британскиот коњички тим.
Зара Тиндал тргнала по стапките на своите родители, принцезата Ана и Марк Филипс. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година, внуката на кралицата освоила сребрен медал како член на британскиот коњички тим.
фото: Printscreen/YouTubeШарлин Витсток во 2000 година пливала за националниот тим на Јужна Африка на Олимписките игри. Била член на женскиот тим, штафета 4 х 100 метри со мешан стил. Тимот го освоил петтото место, а таа година била пресудна за Шарлин. На пливачкиот маратон во Монака го запознала принцот Алберт за кој подоцна се омажила и станала принцезата Шарлин од Монако.
фото: Printscreen/YouTubeИ нејзиниот сопруг, принцот Алберт II од Монако, се натпреварувал во боб на пет последователни Зимски олимписки игри, од 1988 до 2002 година.
Шпанскиот крал Фелипе VI бил член на олимпискиот тим за едрење на игрите во Барселона во 1992 година. таа година го носел и знамето на репрезентацијата.
Ќерката на шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактом, потпреседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати, Маита, се натпреварувала во боречки вештини на Летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Таа била и првата жена која го носела националното знаме.
Ќерката на јорданскиот крал Хусеин, Хаја, која се школувала во Оксфорд, се занимавала со коњички споротви и ја претставувала својата земја на Летните олимписки игри во Сиднеј во 2000 година.
фото: Printscreen/YouTubeМажот на младата ќерка на Хуан Карлос и кралицата Софија, Ињаки Урдангарин, бил член на олимпискиот ракометен тим со кој натпреварувал на три Олимпијади, а медали освоил во 1996 и 2000 година. Со Кристина се оженил во 1997 година и станал војводата од Палма. Принцезата Кристина исто така ги бранела боите на својата земја, натпреварувајќи се во едрење на Олимписките игри во Сеул, во 1988 година.
фото: Printscreen/YouTube