Членовите на британското кралско семејство ја изненадија јавноста: Како навиваа принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и принцот Џорџ?

Членовите на британското кралско семејство ја изненадија јавноста: Како навиваа принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и принцот Џорџ?

Објавена во: Спорт // Фудбал

Натпреварот помеѓу Англија и Гермија во осминафиналето од трибините на лондонскиот стадион Вибли го следеа голем број познати лица. На музичарот Ед Ширан и поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам во бодрењето им се придружи и придружи и кралската двојка, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а настанот на теренот го следеше и отмено облечениот 7 - годишен принц Џорџ.

Англиските фудбалери се пласираа во четвртфиналето со победата над Германија од 2:0 пред 40.000 навивачи собрани на стадионот „Вимбли“ во Лондон.

На победата на Англија и нивниот пласман во четвртфиналето во живо сведочеа и идниот крал на Велика Британија, 7 - годишниот принц Џорџ, кој случувањата на фудбалскиот терен ги следеше со родителите, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

За овој повод, принцот Џорџ, исто како и неговиот татко, се појави во костум со вратоврска и со самото тоа привлече посебно внимание кај светската јавноста и љубителите на британското кралско семејство.

Кејт Мидлтон за оваа прилика облече црвено сако, бела маица и темни панталони. Сите тројца жестоко навиваа за својата земја, но јавно е дека овој пат најголемо внимание привлече принцот Џорџ.


фото: Profimedia

Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: